Шефот на Баер Леверкузен со критики кон Реал Мадрид: Не му дадоа вистинска шанса на Чаби Алонсо

Околу три недели откако Чаби Алонсо беше отпуштен од Реал Мадрид, извршниот директор на Баер Леверкузен, Фернандо Каро, се пошегува со Кралскиот клуб критикувајќи го потегот на мадридскиот клуб.

Каро рече дека Реал Мадрид немал трпение со Алонсо да му дозволи да го создаде новиот проект.

„Очигледно Алонсо мислеше дека Реал ќе му даде можност да започне нов проект. Воопшто не ја доби таа можност. Штета“, рече 61-годишниот Каро.

Каро го донесе Алонсо во Леверкузен во 2022 година, а под негово водство Баер испиша историја освојувајќи ги првенството и Купот на Германија, а стигна и во финалето на Лига на Европа во 2024 година.

Сепак, тој ја отфрли можноста за враќање на Алонсо на клупата на „фармацевтите“ со оглед дека негова следна цел е поголема, односно Премиерлигата. Се споменува дека би можел да биде следниот менаџер на Ливерпул, а некои медиуми го селат на клупата на Манчестер Сити на местото на Пеп Гвардиола.

Се вчитува...