Шефот на Бундеслигата: Првенството има потреба од повеќе имиња како Мане и Геце

Избршниот директор на Бундеслигата, Донат Хопфен изјави оптимизам за првенството во Германија после трансферите на Садио Мане во Баерн Минхен и на Марио Геце во Ајнтрахт Франкфурт.

Тој смета дека во иднина се потребни повеќе вакви трансфери, за да може лигата да напредува и да се носи со големите првенства како Премиерлигата и Ла Лига.

„На лигата и се потребни вакви големи имиња и ѕвезди. Одлично е оваза целата лига. Очекуваме возбудливо првенство. Борусија Дортмунд добро се засили, па очекувам голема неизвесност следната сезона“, изјави Хопфен. 

Сепак, Бундеслигата не е интересна од аспект на шампионот. Таму 10 години по ред првак е Баерн Минхен и во моментов е неприкосновен пред сите други тимови.

Се вчитува...