Во Барселона има многу разговори за трансфери, едно од имињата кои се споменува е Нико Вилијамс, но претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, секогаш има едно нешто на ум кога станува збор за финансиите на каталонскиот клуб. Тој често ги критикува шампионите за нивната несигурна финансиска состојба, поради која клубот едвај врзува крај со крај во последно време.
Покрај Вилијамс, пред трансфер на Ноу Камп е и голманот Жоан Гарсија, откако е јасно дека Барса ќе ја плати откупната клаузула.
Сепак, Тебас јасно изјави дека за подоцна да го регистрира бекот, Барселона ќе мора да направи некои други работи.
„Дали Барса има пари да го купи Нико и да го регистрира? Не знам. На крајот на краиштата, се слушаат толку многу имиња: Вилијамс, другиот, оној со моторот… Прво, да видиме како ќе оди со самото поднесување“ рече Тебас.
Што се однесува до Жоан Гарсија , и додека чекаше Барселона официјално да го објави трансферот, Тебас потсети дека едно е да се објави, а друго да се регистрира.
„Ќе видиме. Барса мора да направи некои работи за да може да го регистрира. Не е многу, но има работи што треба да се направат и клубот знае кои се тие“, заклучи тој.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

