Шефот на Ла Лига, Хавиер Тебас, изјави дека ќе се бори против одржување на Светското клупско првенство. Ова натпреварување се одржува по првпат, а сите клубови имаат клаузула дека ќе играат со најдобрите тимови.
Од Шпанија, на него настапија тимовите на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, со тоа што Атлетико веќе испадна во групната фаза, додека Реал ќе игра во 1/4 финалето против Борусија Дортмунд.
„Ќе направам се што можам за овој турнир никогаш повеќе да се не одржи“, изјави Тебас.
Светското клупско првенство се повеќе добива на критики, особено после напорната и долга сезона, што претставува дополнителен умор за играчите. Исто така Тебас е незадоволен од големата награда (100 милиони евра за пласман во полуфинале), и ја нарече „искривување на конкуренцијата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

