Шефот на Ред Бул обвинет за недолично однесување: Испраќал пораки со сексуална конотација

Шефот на екипата на Ред Бул, Кристијан Хорнер се наоѓа под истрага поради праќање на пораки со сексуална конотација на колешка и тоа во подолг временски период, откриваат англиските медиуми. Тој е оптужен за недолично однесување, а сега се открини и пораките кои тој ги испраќал.

Против Хорнер се води внатрешна истрага во тимот, а засега истиот ги одбива оптужбите. На презентацијата на новиот болид на тимот беше објавено дека станува збор за „дистракција за сите во Ред Бул“.

Хорнер кој ја врши улогата шеф на тимот од самото влегување на Ред Бул во Формула 1 шампионатот во 2005 година има потполна подршка од сопственикот на Ред Бул и затоа досега не е отстранет од тимот.

Се вчитува...