Француската фудбалска федерација ги разреши претседателот на судиската комисија Стефан Ланоа и Себастијан Мореира, директно одговори за ВАР, пренесува „Екип“.
Ланоа беше критикуван дека е поблизок со одредени фудбалски челници. Незадоволството се засили во последните неколку месеци поради одредени технички грешки во работата на арбитрите. Претходниот шеф на судиите не комуницирал доволно со техничкиот директор на судиите Антони Готје, а против него има негодување од обичните судии поради неговото учество на одредени курсеви за обука на судии.
До крајот на сезоната обврските на Ланоа ќе ги извршува токму Готје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА