Ливерпул и Манчестер Сити ја продолжуваат битката за титулата во Премиерлигата. Тука е и Арсенал кој сега е во пол позиција, но ќе има жестока борба до крајот за големиот пехар.
Многу прашина се крена после дербито помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити, кога не беше досуден пенал за „црвените“ по дуелот на Доку со Мекалистер. Шефот на судиите во Премиерлигата, Хауард Веб ја објасни ситуацијата.
„Ситуацијата е со поделени мислења. Верував дека ако судијата досудеше пенал, ВАР ќе ја потврдеше одлуката. Но, затоа што не го стори тоа, потврдена беше неговата одлука во тој момент. Може да се слушне Мајкл Оливер како вели дека топката е помеѓу двајцата игри, но е многу ниска за да се упати со глава, и Доку ја крева ногата за да игра со неа. Свесни сме дека има контакт, но тој не ја допира топката. Верувам дека и во двата случаи ВАР ќе ја потврдеше одлуката на судијата, бидејќи идејата е да не се носат конечни одлуки во ситуации со ВАР. Судијата сака да има на чисто дека ја донел вистинската одлука, затоа постои ВАР. Мајкл Оливер не досуди прекршок, а ВАР немаше јасни докази да ја промени одлуката. Тоа е субјективна ситуација“, рече Веб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА