Шефовите на Ферари ќе ги „стројат“ Фетел и Леклер

Себастијан Фетел и Шарл Леклер ќе бидата повикани на „строење“ во текот на неделата во Маринело, по инцидентот кој се случи на трката за ГН на Бразил, во кој двајцата возачи на Ферари имаа меѓусебен контакт со кој доживеаја елиминиција во ситуација кога можеа да се борат за висок пласман. Првиот човек на тимот, Матија Биното е разочаран од ситуацијата во Ферари и изјави дека треба со ладни глави на состанок да извлечат заклучоци од целата ситуација.

„Веќе зборував со двајцата, сакам да разберат дека секој од нив треба да преземе свој дел од вината, нема потреба од вакво возење. Останува со ладни глави да го разгледаме целиот инцидент и на состанок да ги решиме проблемите“, изјави Биното. 

Последната трка во Формула 1 шампионатот сезонава ќе се вози на тркта за ГН на Абу Даби на 1 декември.

Се вчитува...