Раководните лица на Манчестер Јунајтед, кои денеска одржуаа стратешки состанок во Лондон, се решија да му дадат поддршка за менаџерот на тимот, Ерик тен Хаг. И покрај тоа што се без победа пет меча по ред, сепак, се решија да му дадат доверба на Холанѓанецот на клупата на тимот од „Олд Трафорд“.
Со тоа е ставен барем привремен крај на шпекулациите дека наскоро Томас Тухел ќе стане прв тренер на „Црвените ѓаволи“ во следниот период.
„Скај спорт“ пренесува дека никој од раководните лица не разговарал со Тухел за преземање на тренерското место на Ерик тен Хаг. Според нивните пишувања, не само што не е загрозен, туку добил и мал одмор за време на репрезентативната пауза.
Sir Jim Ratcliffe has joined other Manchester United power brokers at a meeting in London this morning which may help decide the future of manager Erik ten Hag pic.twitter.com/dvjPk6pPtS
— ITV News (@itvnews) October 8, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА