Ракометната репрезентација на Хрватска денеска од 18 часот игра против Норвешка во полуфиналето на Европското првенство. Воочи натпреварот, голманот на популарните „каубои“ вели дека сите се молат да можат Игор Карачиќ и Лука Циндриќ да бидат подготвени за натпреварот.
„Норвешка игра одличен ракомет, но ние сме сконцентрирани само кон нашата игра. Се молам да може Карачиќ да игра. Навистина го заболе по ударот со Дујшебаев. Беше тоа удар колено во колено, го боли, но се надевам дека ќе може да игра. Има проблеми и Лука Циндриќ. Јас имам само една желба, а тоа е Карачиќ и Циндриќ да играат заедно против Норвежаните“, изјави Шего.
Карачиќ заработи повреда на мечот со Шпанија кога се удри колено во колено со Алекс Дујшебаев, додека Лука Циндриќ има проблеми уште од натпреварот против Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА