Шеикот Јасим: Лесно е да ја освоите Лигата на Шампиони со пари

Манчестер Сити ја освои шампионската титула во Премиерлигата која за „граѓаните“ е прва во историјата. Воедно во ист момент клубот од Манчестер ги спои и титулите во Премиерлигата и ФА Купот, изедначуваќи се со Манчстер Јунајтед со успехот од 1999 година за што доби пофалби од сите страни, но импресиран не беше Шеикот Јасим.

Катарецот кој е заинтересиран за купување на Манчстер Јунајтед на социјалните мрежи објави слика од легендарната генерација ’92 на „црвените ѓаволи“ и во објавата напиша:

„Освоете тројна круна со играчи од академијата. Секој може да ги купи најдобрите фудбалери и да ја освои Лигата на Шампиони“

Се вчитува...