Шеици го купуваат и Њукасл: Мајк Ешли го продава клубот за 350 милиони фунти

Англискиот премиерлигаш Њукасл оди во рацете на шеици од Катар. Сопственикот Мајк Ешли се согласил да го продаде клубот на шеикот Калед бин Зајед ал Нехајан, член на Абу Даби кралското семејство, за 350 милиони фунти. Тој е роднина на шеикот Мансур, сопственикот на шампионот Манчестер Сити, и минатата година се обидел да го купи Ливерпул за сума од 2 милијарди фунти, но не успеал. Сега ќе стане сопственик на премиерлигашки клуб со многу помала инвестиција.

Мајк Ешли долг период бараше инвеститор кој би можел да вложи многу повеќе од него во Њукасл и конечно успеа да го пронајде вистинското решение. Новиот газда најавува големи инвестиции, а треба да го задржи Рафаел Бенитез на менаџерската позиција.

Се вчитува...