Шеици од Саудиска Арабија заинтересирани за инвестирање во фудбалски клуб од Македонија!

Шеик од Саудиска Арабија е заинтересиран за инвестирање во фудбалски клуб од Првата лига на Македонија.

Инвеститорите од Саудиска Арабија планираат наредниов период вложување во фудбалски клубови на Балканот, пред се Косово и Албанија, но наводно има интерес за преземање и на клуб од најсилната македонска лига.

Веќе се остварени иницијални контакти преку почесниот претседател на ФК Приштина од Косово, Ремзи Ејупи, пренесува Опен ТВ.

„Точно е дека има интереси за инвестиции во клубови во Косово, Албанија и Македонија. Тие веќе беа тука да ја снимат ситуацијата, и сакаат да ги знаат плановите на клубовите за следниот период во рок од 10 години. Сакаат клуб со традиција, следниот месец арапските шеици планираат повторно да дојдат на Балканот, па ќе видиме што можеме да направиме“ – вели Ејупи, во изјава за Опен ТВ.

Се вчитува...