Францускиот клуб Пари Сен Жермен игра одлично во домашниот шампионат, засега е доминантен и во Лигата на шампионите, но се чини дека тоа не е доволно за богатите шеици да остават Унаи Емери на тренерската клупа и по завршувањето на сезоната. Уште сега почнаа шпекулациите дека „светците“ ќе добијат нов стратег кој ќе седне на кормилото, а ќе има многу позвучно име од Шпанецот Емери.
Во игра засега се тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, како и менаџерите на Челси и на Манчестер јунајтед, италијанскиот стратег Антонио Конте и Португалецот Жозе Мурињо. Се чини дека најблиску до отказ во својот клуб во овој момент е Конте, со оглед дека „сините“ од Лондон заостануваат зад Манчестер сити во трката за одбраната на шампионската титула во Премиер – лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА