Оклахома не се откажува! Aктуелниот шампион на НБА забележа нова победа синоќа против Минесота со резултат 113-105, во меч во кој МВП-то на лигата, Шеј Гилџус-Александар беше најефикасниот актер на натпреварот со 40 поени.
Од нив, имаше одлични 12/19 од поле, шутираше само двапати за три, постигна еднаш и додаде шест скока и шест асистенции во статистичките колони.
Во неизвесна завршница, кога Тандер беа под голем притисок од Минесота, Шеј погоди три слободни фрлања од четири, елиминирајќи ги сомнежите за победникот.
Најважниот шут, сепак, дојде од раката на Чет Холмгрен, тројка, на 37 секунди пред крајот, кога ја донесе Оклахома на четири поени разлика, истовремено одговарајќи на тројка што Ентони Едвардс ја погоди на другата страна во претходната акција.
Right on target, right on time 🎯
Your @OGandE Power Play of the Game pic.twitter.com/oOraURjivB
— OKC THUNDER (@okcthunder) November 27, 2025
Оклахома заслужено стигна до нова победа, 18-та во 19 натпревари, бидејќи водеа речиси целиот натпревар, освен во почетните минути и во средината на последниот дел, кога гостите накратко поведоа (94-93).
Ентони Едвардс беше најдобар во поразениот тим со 31 поен (5/10 за три), 8 скока и шест асистенции.
Кај Оклахома, Ајзеа Хартенштајн беше втор стрелец со 15 поени, Чет Холмгрен додаде 12, а Еј Џеј Мичел 13 поени.
НБА – РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Детроит 117-114
Шарлот – Њујорк 101-129
Мајами – Милвоки 106-103
Оклахома – Минесота 113-105
Торонто – Индијана 97-95
Њу Орлеанс – Мемфис 128-133 (продолжение)
Голден Стејт – Хјустон 100-104
Портланд – Сан Антонио 102:115
Сакраменто – Феникс 100-112
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

