Шеј со тројка во последните секунди донесе триумф на Оклахома над Денвер (ВИДЕО)

Оклахома Сити го совлада Денвер со 129-126 со тројка на истекот на времето на Шеј Гилџус-Александар, и дојде до триумф во дербито во кое царуваше и Никола Јокиќ, запиша трипл-дабл, но ја немаше поддршката од своите соиграчи за подобар резултат.

Никола Јокиќ и Шеј Гулџус-Александар одиграа фантастични натпревари и, најважно од сè, ги израмнија поените еден на друг во драматична завршница.

Драмата која беше присутна во последните мигови од натпреварот се случи откако Денвер имаше негатива од 123-116, но некако успеа да стигне до „егал“, а Оклахома имаше напад во кој Шеј постигна тројка и ја крена публиката на нозе.

Денвер имаше две секунди, но нивниот обид од повеќе од пола терен беше неуспешен, па така славјето на домашните кошаркари можеше да почне.

НБА, РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Филаделфија 115:101
Оклахома – Денвер 129:126
Бруклин – Мемфис 126:115
Јута – Голден Стејт 119:116
Л.А. Лејкерс – Њујорк 126:118

Се вчитува...