Кошаркарите на Оклахома го вратија ударот, и израмнија во финалната серија против Индијана на 1-1, откако синоќа победија со 123-107. Работата „Тандерс“ ја решија уште по првиот дел кога се стекнаа со убедлива предност од 14 разлика, и на крајот го доведоа мечот рутински до крај.
Шеј Гилџус-Александар продолжи да пишува бајки, а исто така влезе и во историјата на НБА. Човекот кој ја освои наградата за најкорисен играч исто така го запиша своето име во книгите со рекорди во НБА финалето. Канаѓанецот постигна 72 поени во првите два натпревари од НБА финалето против Индијана Пејсерс, најмногу поени што некогаш ги постигнал играч во првите два натпревари од неговата кариера во НБА финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

