Шеј влезе во легендите – сруши рекорд стар повеќе од шест децении

Најдобриот играч на шампионот на Оклахома во НБА, Шеј Гилџес-Александар, направи историски подвиг во натпреварот против Бостон Селтикс. Во победата на својот тим од 104:102, Канаѓанецот постигна 35 поени и го сруши 63-годишниот рекорд на Вилт Чемберлен.

Легендарниот рекорд на Чемберлин беше за број на последователни натпревари со 20 или повеќе поени – 126 натпревари од јануари 1963 година. Во третата четвртина од средбата со Бостон, Шеј постигна кош по препознатлив шут од полудистанца и со тоа ја премина границата од 20 поени во 127-от натпревар по ред, поставувајќи нов рекорд.

Она што дополнително ја нагласува важноста на оваа серија е влијанието што го има врз целиот тим. За време на серијата што трае до 1 ноември 2024 година, Оклахома Сити има 103 победи и само 24 порази, што покажува колку континуитетот на Гилџус-Александар придонесува за успехот на тимот. На крајот, затоа ја освои наградата за најдобар играч во НБА во 2025 година.

Се вчитува...