Шејн Ларкин е МВП на 29 коло во Евролигата (ВИДЕО)

Кошаркарот на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин ја доби наградата за МВП на 29. коло во Евролигата по одличниот настап во кој го предводеше својот тим до триумф на гостувањето кај Баерн Минхен со 92-97.

Поранешниот турски репрезентативец средбата ја заврши со 25 поени при реализација 4/6 во обидите за два поени, 4/8 во обидите за три и 5/5 во обидите за еден поен, а додаде и четири скокови, четири асистенции, три укадени топки за индекс на користност од 33.

За Ларкин ова е прво МВП признание за одредено коло оваа сезона. Во кариерата има вкупно 18.

Се вчитува...