Шејн Ларкин и Анадолу Ефес продолжуваат заедно и во следните две години. Американскиот плејмејкер кој се наметна како еден од најдобрите во Евролигата во дресот на турскиот гигант е задоволен со статусот кој го има во Европа па одолеа и на понудите од НБА.
Ларкин оваа сезона одигра 28 натпревари за истанбулскиот тим на кои забележа просек од 14.7 поени, 5.3 асистенции, 3.0 скока и 1.3 украдена топка по меч со што беше еден од најдобрите кошаркари на тимот кој ја продолжи доминацијата во Евролигата.
Како потсетување, претходно Ефес го ангажираше Вил Клајбурн со што најави уште една сезона во која ќе атакува на трофејот во најсилното европско кошаркарко првенство. Сега останува да видиме како се одвиваат преговорите со српскиот интернационалец Василије Мициќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА