Шејн Ларкин се враќа во тимот на Ефес

Американскиот плејмејкер Шејн Ларкин го повреди десниот зглоб на крајот на октомври кога Анадолу Ефес играше против Олимпија Милано. Иако тимот од Истанбул победи, Ларкин се здоби со повреда на зглобот по дуелот со Никола Миротиќ.

Се знаеше дека нема да игра до средината на декември, а сега е потврдено дека Ларкин ќе биде подготвен за натпреварот од 15. коло меѓу Ефес и Панатинаикос кој се игра во Турција денеска.

Тоа секако значи дека Шејн Ларкин ќе му биде на располагање на тренерот Томислав Мијатовиќ за двојното коло во Евролигата следната недела кога ги очекуваат дуелите со Црвена Звезда и Партизан.

Ларкин оваа сезона одигра пет натпревари во Евролигата и имаше просек од 10,8 поени и 5,4 асистенции.

Се вчитува...