По фантастичната сезона минатата година во која тимот од Тексас стигна и до првата рунда од плејофот, Далас е непретпознатлив оваа сезона во која има учинок од 9 победи и 14 порази. Последниот пораз на тимот на Лука Дончиќ дојде од Голден Стејт, а пред него интересна изјава имаше легендарниот Шекил О’Нил.
„На Далас му треба кошаркар кој е добар како Лука, но малку подобар. Како Бредли Бил или Расел Вестбрук, играч кој е како „куче“, ќе излага на терен и ќе дава по 25, 26, 27 поени по натпревар“ – изјави Шек.
Втората ѕвезда на тимот, Криштапс Порзингис не го дава учинокот кој му е потребен на клубот од Тексас и покрај тоа што Латвиецот оваа сезона има просек од 19.6 поени и 8.2 скока. На репликата на Кени Смит, легендарниот центар имаше дециден одговор за Европеецот.
„Тој не го прави тоа“ – кратко објасни О’Нил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

