Шек не и се враќа на кошарката: Престар сум

Легендарниот американски поранешен кошаркар Шекил О’Нил одговори на гласините за можен камбек на терените на 53-годишна возраст.

Некогашниот доминантен центар се поврзуваше со настап во „Биг3“ првенството кое е атрактивно за поранешните НБА кошаркари, но ја отфрли оваа можност.

„Никогаш нема да играм. Престар сум“, кратко изјави Американецот.

Се вчитува...