Легендарниот Шекил О’Нил изјави дека нема да може да ја гледа церемонијата на влегување на неговиот голем пријател Коби Брајант во „Куќата на славните“.
„Нема да ја гледам церемонијата. На скала од 1 до 10 моментално мојата тага е 2. Гледање на церемонијата би ја вратила таа на 7,8 или 9. Не можам да ги гледам видеата од нашите најдобри натпревари. Едноставно не можам“, изјави Шекил.
Церемонијата е закажана за 29. април, но се уште не се знае дали ќе биде одржана поради пандемијата од коронавирусот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА