Еден од најдобрите центри на сите времиња, Шекил О’Нил со суперлативи говореше за српскиот интернационалец Никола Јокиќ кој изминатата вечер стана првиот играч во историјата на НБА кој успеал да ја надмине границата од 2000 поени, 1000 скока и 500 асистенции во една сезона.
Поранешниот центар на Орландо, Лејкерс, Мајами, Феникс, Кливленд и Бостон не ги штедеше зборовите за Србинот, а вели дека најимпресивна е бројката од повеќе од 500 асистенции.
„Неверојатен е начинот на кој тој игра и ја разбира кошарката. Јокиќ ги прави сите играчи покрај него подобри. Јас кога ја примав топката секогаш гледав накај кошот, додека тој прво ги бара соиграчите, кој е во подобра позиција. Мене најимпресивна ми е бројката од 500 асистенции, таа го одвојува од сите останати високи играчи. Никола Јокиќ дефинитивно е голем играч и посебен во секој поглед. Се што прави, прави на свој начин и тоа делува импресивно“, изјави О’Нил.
Jokic becomes the first player in NBA history with 2,000 points, 1,000 rebounds, and 500 assists in a single season 👑 pic.twitter.com/8ftYQxOXNR
— Bleacher Report (@BleacherReport) April 8, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

