Шек повторно го „пецна“ Гобер, а одбрана на Јокиќ: Доколку 11 поени вредат 200, 38 поени вредат…

Српскиот интернационалец, Никола Јокиќ оваа сезона игра фантастично и еден од кандидатите за освојување на МВП наградата.

Тоа го докажа на дуелот против Далас на кој постигна 38 поени. Неговите добри настапи го привлекоа вниманието и на еден од најдобрите центри на сите времиња, Шекил О’Нил, кој ја искористи оваа прилика повторно да упати критики кон кошаркарот на Јута, Руди Гобер.

„Ако 11 поени вредат 200 милиони долари, 38 поени вредат 600 милиони, зар не? – изјави Шек со емисијата на „ТНТ“.

Јокиќ не се наоѓа на листата на десет најплатени играчи во НБА лигата, а далеку е и од најплатениот центар, Руди Гобер.

Се вчитува...