Шек за историја: Орландо првпат повлече дрес на некој играч

Тимот на Орландо Меџик, на голем начин му се заблагодари на Шекил О’Нил, еден од најдобрите играчи во историјата на клубот.

Големиот Шек од Њу Џерси во 1992 година стигна во Орландо, само три години откако „Меџик“ станаа дел од НБА, а понатаму се е историја.

После повеќе од три децении, Орландо се реши на вистински начин да му се заблагодари за придонесот. За првпат во историјата повлекува дрес од еден играч, легендарниот  број 32 кој го носеше популарниот Шек.

Се вчитува...