Шек за здравствениот проблем на Венбенјама: Можел и никогаш да не се разбуди

Кошаркарот на Сан Антонио, Виктор Вембенјама се соочува со тежок, несекојдневен здравствен проблем откако му беше откриено длабока венска тромбоза во десното рамо, поради што ќе мора неизбежно да паузира од кошарката.

Ситуацијата воопшто не е наивна, искусни специјалисти препорачале целосно подолготројно мирување од професионален спорт, а навременото откривање на проблемот од страна на медицинскиот персонал на Сан Антонио најверојатно и му го спасило животот, како што открива Шекил O’Нил.

„Како што ми велат моите пријатели доктори, тоа е вообичен проблем за момцитекои се крупни, особено за оние кои се премногу високи. Добро знам дека во НБА лигата, особено во Спарс, имаат фантастичен медицински персонал. Многу ми е мило што го нашле тромбот. Работата е многу застрашувачки. Тоа е нешто од што може никогаш повеќе да не се разбудите. Мило ми е што го нашле навреме. Виткор е фантастичен дечко, еден ден ќе биде лицето на НБА“, изјави легендарниот кошаркар.

Се вчитува...