Еден од најдоминантните центри во НБА лигата, Шекил О’Нил говореше за револуцијата во кошарката со се повеќе високи играчи кои можат да погодат и за три поени.
Шек не е еден од нив, во својата 19 годишна кариера тој упати 22 обида за три поени, а погоди само еден, но и покрај тоа смета дека денеска би ја продолжил својата доминација.
„Никогаш не би шутирал за три поени. Зошто би го правел тоа кога можам да давам лесни поени. Сите тие високи шутери, па не би ни биле во игра кога би играле против мене бидејќи ќе имаа две лични грешки уште пред да шутнат“, вели О’Нил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

