Никола Јокиќ се закити со третото МВП признание во својата кариера во НБА-лигата, српскиот центар добива честитки од сите страни, но има и такви кои сметаат дека асот на Денвер не ја заслужи големата награда за оваа натпреварувачка сезона.
Најгласен од нив е легендарниот центар Шекил О’Нил, кој како стручен аналитичар за телевизијата ТНТ Спортс изјави дека ова признание според него требало да заврши во рацете на Шеј Гилџес Александер од Оклахома Сити тандер.
„Не би сакал да ја расипувам среќата на другите, но морам да кажам дека Шеј го заслуќи ова прознание. Никола Јокиќ е убедливо најдобриот центар во лигата, но мислам дека сезонава МВП награда ја заслужи Гилџес Александер. Тој имаше 50 меча со најмалку 30 поени, неговиот тим беше прв на табелата. Џокер нека не ми се лути, знае колку го почитувам и среќен сум поради него, но ако јас бирав, наградата ќе ја добиеше Гилџес Александер“, истакна Шекил О’Нил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА