Легендата на НБА, Шекил О’Нил во ексклузивно интервју за германски „Билд“ изрази мислење дека европската кошарка по квалитет стигнала до НБА лигата и дека разликите кои некогаш постоеле веќе не се толку изразени.
„ Ги гледав натпреварите на Светското првенство во Манила и не сум изненаден што Германија ги победи САД. Кога играв бевме многу пред Европа, но тоа се промени Германија веќе нe стигна. САД нема да освои злато на Олимпијадата 2028 во Лос Анџелес “, рече тој.
Тој особено ја истакна Србија како нација која има потенцијал да направи големи работи на претстојните Олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година.
„Леброн Џејмс повеќе нема да игра, веројатно ниту Кевин Дурант или Стеф Кари. Не гледам дека овие што доаѓаат ќе можат да ја продолжат својата доминација. Европските селекции се многу добри. Србија, Хрватска и Германија, сите можат освои злато на Олимпијадата во 2028 година “, истакна легендарниот кошаркар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА