Се појави интересен податок поврзан со еден од најдоминантните кошаркари во НБА лигата, Шекил О’Нил. Имено тој во кариерата повеќе пати ја има скршено таблата на кошевите, отколку што има погодено шутеви за три поени.
Популарниот Шек двапати го рушеше кошот, додека само еднаш во кариерата има погодено шут за три поени и тоа уште на самите почетоци во кариерата кога ги бранеше боите на Орландо Меџик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА