Шекил сакаше на српски да разговара со Јокиќ, но само се посрамоти: „Спасиба, спасиба…“ (ВИДЕО)

Легендарниот Шекил О’Нил никако не успева да поразговара со Никола Јокиќ на српски јазик, како што посакува.

По синоќешната нова одлична партија на Јокиќ, во разговорот со НБА аналитичарите, Кени Смит најпрво го предухтри О’Нил и на српски го праша Јокиќ како е… Шекил, пак, на крајот од разговорот се обиде да покаже знаење од српскиот јазик, но место тоа неколку пати на руски јазик повторуваше „Спасиба, спасиба…“, пред Јокиќ да го исправи.

„Не, Шек, не е тоа брате, ова ти е вторпат веќе“ – му одговори Јокиќ, на шега…

Беше прашан и дали најавил претходно дека топката од табла ќе мине низ кошот за победа.

„Мој пријателе, среќен сум“ – карактеристично одговори Јокиќ.

Се вчитува...