Шенгелија нема да биде единствено засилување за Барса од Болоња, пристигнува и искусен ветеран

Барселона денеска и официјално го претстави Торнике Шенгелија како нов кошаркар потпишувајќи тригодишен договор. Грузиецот нема да биде единственото засилување за каталонците кое ќе пристигне од редовите на Виртус Болоња бидејќи на крилниот центар се очекува да му се приклучи и Вил Клајбурн.

Триесетипетгодишникот кој последните девет сезони настапува во Евролигата е блиску до договор со Барселона, а со неговиот потпис каталонците ќе успеат да ги ангажираат двата кошаркари кои минатата сезона го предводеа италијанскиот клуб по бројот на постигнати поени и ефикасност.

Американецот кој во минатото настапуваше и за Дарушафака, ЦСКА Москва и Анадолу Ефес минатата сезона забележа просек од 13.8 поени, 4.7 скокови и 2.4 асистенции по натпревар.

Се вчитува...