Шенгелија потпиша за ЦСКА Москва

ЦСКА Москва успеа да доведе суперзасилување во своите редови откако денеска го комплетираше трансферот на Торнике Шенгелија. Грузискиот крилен центар важи за еден од најдобрите во Европа на својата позиција, а со неговото доаѓање ЦСКА целосно ја пополни дупката во рекетот што се создаде со заминувањето на Кајл Хајнс во Милано.

Шенгелија пред десетина дена стана шампион на Шпанија со тимот на Басконија, имаше на маса понуда да остане во оваа екипа, но сепак се реши да се пресели во Москва потпишувајќи тригодишен договор со ЦСКА.

„Возбуден сум што се приклучувам на актуелниот европски шампион и со нетрпение чекам да почнам да играм во извонредна група играчи. Се надевам на бројни успеси во дресот на ЦСКА, како во Евролигата, така и во ВТБ-лигата“, изјави Шенгелија.

ЦСКА Москва претходно го осигура и потписот на центарот Никола Милутинов од Олимпијакос.

Се вчитува...