Искусниот грузиски кошаркар Торник Шенгелија потпиша тригодишен договор со ЦСКА Москва, трансфер поради кој го привлече гневот на своите сограѓани. Во Грузија сметаат дека не е прифатливо Шенгелија да игра за руски клуб. Претседателката на државата Саломе Зурабишвили вели дека неговиот потпис со ЦСКА е неприфатлив.
„Одлуката капитенот на репрезентацијата да потпише со руски клуб е неприфатлива“, изјави Зурабишвили.
Грузија во 2008 година ги прекина дипломатските односи со Русија бидејќи Русите по петдневната војна ја признаа независноста на двете сепаратистички грузиски покраини Јужна Осетија и Абазија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА