Шенгелија се збогуваше во Виртус, следи трансфер во Барселона

Грузискиот репрезентативец Торнике Шенгелија и официјално се раздели со Виртус Болоња, италијанскиот тим чиј дел беше во последните три сезони преку порака на социјалните мрежи.

Искусниот 33-годишен крилен центар кој важи за еден од најдобрите во Европа кариерата се очекува да ја продолжи во Барселона каде ќе потпише тригодишен договор.

Шенгелија имаше извонредна сезона во која бележеше просек од 15.6 поени, 5.0 скокови и 2.7 асистенции по натпревар во Евролигата. Крајот на кариерата во Болоња го круниса и со шампионска титула во италијанското првенство каде беше именуван и за МВП на финалето.

Се вчитува...