Шенгун провоцираше по полуфиналето и го величеше грчкиот масакр

Турскиот кошаркар Алперен Шенгун реши да го прослави пласманот на својата репрезентација во финалето на Евробаскетот на крајно несоодветен начин. По убедливиот триумф над Грција (94-68), Шенгун сподели фотографија на социјалните мрежи и во описот напиша нешто што, во слободен превод, би значело:

„Зар сега нема да ви е убав морскиот воздух“

Станува збор за референца на крајот на грчко-турската војна што се случи по завршувањето на Првата светска војна (1919-1922) и пред сè на настаните во Измир во последната година од конфликтот меѓу двете земји.

И покрај наредбата на Мустафа Кемал Ататурк дека ќе го казни со смрт секој турски војник што ќе го тероризира цивилното население, оние што беа на самото место го игнорираа.

Насрудин Паша, кој имаше за цел да го протера христијанското население, што резултираше со масакр на грчкото население и палење на куќите во нивниот дел од градот.

Следеше панична евакуација, кога илјадници грчки војници и граѓани се упатија преку морето кон најблиското засолниште. Голем број од нив скокнаа во морето, надевајќи се дека ќе отпливаат на безбедно, и се удавија.

Оттогаш потекнува несоодветната шега на турските националисти дека Грците научиле да пливаат тој ден и дека ги карактеризираат луѓето како „добри пливачи“.

Се вчитува...