Шенгун со одлична партија го водеше Хјустон до победа против Индијана (ВИДЕО)

Кошаркарите на Хјустон рокетс забележаа нова победа сезонава во НБА лигата откако синоќа славеа на гостувањето кај Индијана пејсерс во интересен меч со 114-118.

Турскиот кошаркар Алперин Шенгун беше прво име во таборот на победникот завршувајќи го мечот со 39 поени, надополнети со 16 скока и пет асистенции. Кај поразените недоволни беа 27 поени на Паскал Сиакам.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Шарлот – Њу Орлеанс 102-95, Мемфис – Минесота 137-128 и ЛА Клиперс – Филаделфија 113-128.

Се вчитува...