Една од најбрзите жени на денешницата, Шерика Џексон, неславно го заврши настапот на ОИ во Париз откако поради повреда беше принудена да го откаже учеството и на трката на 200 метри.
Атлетичарката од Јамајка пред неколку дена се откажа од трката на 100 метри за да може да се фокусира на двојно подолгата делница, но во меѓувреме состојбата со повредата на мускулот заработена на митингот во Унгарија пред дваесетина дена дополнително се влоши. Затоа, Џексон по консултациите со својот тим објави дека нема да може да се натпреварува ниту на оваа трка.
Шерика Џексон освои три медали на последните ОИ во Токио, златна во штафетата 4х100 метри и бронзи на 100 метри и во штафетата 4х400 метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА