Шерифовски и Чакароски ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство во џудо

Македонските репрезентативци Еди Шерифовски (категорија до 81 килограм) и Андреј Чакаровски (90 кг) ќе настапат на Европското првенство кое од 29. април до 1. мај ќе се оддржи во Софија, Бугарија. Согласно првичниот распоред, се очекува македонските џудисти да настапат вo сабота и недела.

Македонската делегација во Софија ќе ја предводат претседателот на Џудо Федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски и селекторот Горан Мицкоски.

Покрај настапот на двајцата џудисти, престојот на првенството ќе биде искористен и за работен состанок помеѓу претседстелот на ЏФМ, Владимир Трпаноски и на претседстелот на Европската Џудо Унија Отто Кнеитингер. На работниот состанок кој е по покана на ретседстелот на Европската Џудо Унија Отто Кнеитингер ќе се дискутира за стратешкото планирање за развој на џудото во Македонија како и организација на некој од следните големи европски натпревари во Македонија.

Се вчитува...