Шерифовски и Павловски елиминирани на стартот на Европското првенство во џудо

Македонските репрезентативци Еди Шерифовски (-81 кг) и Никола Павловски (-100 кг) загубија на стартот од натпреварите на Европското првенство во џудо за сениори кое се одржува во Подгорица, Црна Гора.

Шерифовски загубо со ипон од Мухамед Коч од Турција во првото коло на шампионатот. Никола Павловски (-100 кг), пак, загуби со ипон од српскиот репрезентативец Александар Кукољ.

И двајцата, поради елиминацијата на нивните противници, не успеаја потоа евентуално преку репасаж да се изборат за битка за медал.

На Европското првенство за сениори настапуваат 414 натпреварувачи од 47 земји.

Се вчитува...