Шерика Џексон, петта најбрза атлетичарка на сите времиња

Спринтерката од Јамајка, Шерика Џексон, оствари извонреден резултат на трката на 100 метри што се одржа на државното првенство во оваа земја, минувајќи ја делницата за фантастични 10,65 секунди.

Актуелната светска вицешампионка стигна до убедлива победа пред Форбс (10,96) и Морисон (10,98), остварувајќи петти најдобар резултат на сите времиња на оваа делница во женската атлетика.

Ова е најдобро време во 2023 година, а подобри од неа во историјата се: Флоренс Грифит-Џојнер (10,49), Елеин Томпсон Хера (10,54), Шели-Ен Фрејзер Прајс (10,60) и Кармелита Џетер (10,64 секунди).

На државното првенство на Јамајка не настапи актуелната светска шампионка на 100 метри, Шели Ен Фрејзер Прајс.

Се вчитува...