Шешко го избра Манчестер Јунајтед пред Њукасл

Уште една трансфер-сага наскоро би требалода добие завршница откако Бенџамин Шешко реши да ја продолжи кариерата во Манчестер јунајтед, откако во последните денови „црвените ѓаволи“ беа во мртва трка со Њукасл за потписот на словенечкиот репрезентативец. Шешко уште пред извесно време најави дека би сакал да си замине од Лајпциг, но преговорите за негова трансфер се интензивираа во последната седмица, откако стана јасно дека Ливерпул тргнува во офанзива по Исак, а Њукасл го избра токму Словенецот како идеална замена за шведскиот голгетер.

Проблемот за „црно-белите“ се појави откако Манчестер јунајтед се вклучи во трката, двата тима вчера испратија понуди, со тоа што онаа на Њукасл беше за пет милиони евра повисока. „Црвените ѓаволи“ денеска иа израмнија понудата на ривалот, откако добија сигнал од самиот фудбалер дека преселба на „Олд Трафорд“ е негова желба за летово.

Информациите од Англија говорат дека Њукасл му понудил на Шешко повисока плата, згора на тоа „црвените ѓаволи“ имаат билет за ЛШ додека Јунајтед воопшто нема да игра во европските купови, но и покрај сето тоа Словенецот реши да го ибере Манчестер за следна дестинација во кариерата.

Се очекува најдоцна за 48 часа да биде постигнат целосен договор и Шешко да замине на лекарски прегледи во Манчестер, по што новиот голгетер би можел да одржи неколку тренинзи со остатокот од тимот пред стартот на новата премиерлигашка сезона закажан за наредниот викенд.

Се вчитува...