Шешко и Симонс за победа на Лајпциг над Сент Паули (ВИДЕО)

Екипата на Лајпциг лесно го реши тимот на Сент Паули, и дојде до 10-тата победа во Бундеслигата во 21-виот натпревар. На домашен терен екипата на „биковите“ славеше со 2-0.

Победникот беше решен за само 20 минути. Во 16. минута Шешко донесе предност по асистенција на Симонс, а потоа обратна комбинација, Словенецот асистира до Холанѓанецот за 2-0 водство во 35. минута. 

Орбан во 69. минута заработи црвен картон, меѓутоа Лајпциг успеа да го задржи водството и на крај да дојде до победата.

Се вчитува...