Словенечкиот фудбалер член на Лајпциг Бенџамин Шешко, летово би можел да го напушти клубот и да ја продолжи кариерата во Премиер лигата , објавија британските медиуми. Словенечкиот интернационалец се наоѓа во одлична форма оваа сезона. На 34 натпревари во сите натпреварувања постигна 17 голови и имаше пет асистенции.
Неговиот договор со бундеслигашот е до крајот на јуни 2029 година, но летово би можел да направи трансфер бидејќи би можела да се активира откупната клаузула, која изнесува 80 милиони евра, во зависност од бројот на одиграни натпревари, голови и асистенции.
Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Арсенал се во редот на клубовите кои сакаат да го добијат потписот на Словенецот. Како 16-годишник Шешко од Домжале се пресели во Ред Бул Салцбург. По четири сезони во Австрија, во 2023 година се пресели во Лајпциг за 24 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

