Шест германски велосипедисти се повредени во сообраќајна несреќа на тренинг на Мајорка.
До несреќата дошло кога автомобил управуван од 89-годишен старец удрил во нивната група, соопшти Германската велосипедска асоцијација.
„Автомобилот директно удрил во групата која штотуку излегла од нивниот хотел во Палма де Мајорка и почнала да тренира, на што сведочел селекторот Лукас Шадлих, кој ги следел во автомобилот“, соопшти Германската велосипедска федерација.
Шесте велосипедисти,Бенџамин Бус, Тобијас Бак-Грамко, Бруно Кеслер, Мориц Аугенштајн, Луис Генцик и Макс-Дејвид Бризвере биле пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот, но неколку се здобиле со скршеници.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

