Шест години од втората европска круна на Вардар: Немаше пари, но имаше срце и карактер…

Пред точно шест години на денешен ден ракометарите на Вардар предизвикаа нов „земјотрес“ во ракометна Европа, стигнувајќи до втората титула во Лигата на Шампионите во еден од најнезаборавните викенди во „Ланксес Арена“ во Келн.

Тоа беше една исклучително тешка сезона за „црвено-црните“, веќе се таложеа долговите на управата кон играчите и тренерот Парондо, кој во едно интервју за шпанските медиуми и отворено се пожали дека „не се живее со 500 евра месечно. Сепак, шпанскиот тренер и неговите пулени на сите им покажаа дека кога се игра со срце и карактер се друго останува во сенка, „вардарци“ најдоа сила за неверојатен камбек во второто полувреме од полуфиналето со Барселона, обезбедувајќи си финален дуел против стариот познаник Веспрем.

„Црвено-црните“ одиграа перфектен меч со Милосављев на голот, славеа со 27-24, а ќе остане запишано дека најдобри стрелци во тоа финале беа Мораеш со шест, Чупиќ со пет, Криштопанс со четири…

Засекогаш ќе остане запаметен и големиот гест на капитенот Стојанче Стоилов, кој му дозволи на Игор Карачиќ прв да го крене шампионскиот пехар, на последниот меч што фантастичниот хрватски бек го одигра во црвено-црниот дрес пред да замине во Киелце.

Се вчитува...