Македонските прволигаши Работнички и Ренова одиграа пријателски натпревар на „Билјанини извори“ во Охрид со шест гола кој заврши 3-3. Стрелци на головите за Ренова беа Реми Селмани на два пати и еднаш Ален Јашаровски.
За „романтичарите“ пак во листата на стрелци се запишаа Силјановски, Јевтоски и Станковски. За Работнички ова беше второ реми во трите пријателски меча зимава, додека Ренова исто така се уште е без пораз во контролите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

