Манчестер Сити и Тотенхем ја продолжија серијата на фантастични натпревари во 14. коло од Премиерлигата откако дерби средбата заврши со реми од 3-3.
Голеадата започна уште во 6. минута кога Сон ја затресе мрежата на Едерсон преку одличен контра напад, но Кореецот само три минути подоцна постигна автогол за изедначување на 1-1. До крајот на полувремето „граѓаните“ и поведоа преку Фоден, а Ло Селсо во 69. минута изедначи на 2-2.
Грешката на Бисума ја искористи Грилиш за ново водство од 3-2 во 81. минута, но Тотенхем не се предаде. Трудот го награди Кулушевски кој во 90. минута со глава упати неодбранилив удар кон голот на Манчестер Сити за конечни 3-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА